Магазин 16. ноември 2019. / 22:30

Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари

Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари

Најчистиот син дијамант од 7,03 карати, од приватна колекција е продаден на аукција во Женева за 10 милиони долари

Очекуваната цена за овој дијамант изнесувала од 10 до 14 милиони долари. Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓале и прстен и обетки од познатиот француски изработувач на накит Жоел Артур Розентал. Прстенот се продал за 300.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното, пишува „Спутник“. А дијамантските обетки биле продадени за 723.000 долари.

Продаден е и брош со бурмански сафир со исклучителен квалитет од 43 карати за 2.1 милион а очекувани биле 3 милиони.