„Кралевите“ за само неколку дена загуби битка на три фрона. Најпрво беа поразени во шпанскиот Куп од Барселона со 0-3, па во шпанската Ла Лига со 0-1, а вчера и од Ајакс со 1-4.
Тоа го натерало претседателот Флорентино Перез да се откаже од тренерот Сантијаго Солари, кој ќе остане до крајот на сезоната во Мадрид, а потоа ќе добие отказ.
Навивачите на Реал како замени за Солари ги посакуваат Жозе Мурињо или Маурицио Покетино, но малкумина веруваат дека некој од нив ќе седне на „жешкото“ столче.