Магазин 12. април 2020. / 22:16

Размена на фудбалери ќе направат Манчестер јунајтед и Јувентус

Размена на фудбалери ќе направат Манчестер јунајтед и Јувентус

Пол Погба стави јасно до знаење дека не сака да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, а и премиерлигашот сега нема проблем да се раздели со него, по доаѓањето на Бруно Фернандеш.

Португалецот за два месеци во дресот на „ѓаволите“ покажа повеќе отколку Погба изминативе две сезони, па затоа клубот сега ќе му ја исполни желбата без проблеми. Французинот сака да направи кам-бек во редовите на Јувентус, каде реално ги имаше најдобрите партии во кариерата.

Манчестер јунајтед предлага трампа помеѓу Погба и Матијс де Лихт. Холандскиот стопер беше трансфер-цел на премиерлигашот уште минатото лето, но Де Лихт тогаш го одбра италијанскиот шампионат. Младиот дефанзивец тешко се снаоѓа во Торино, особено во тактичкиот дел, па ниту тој не би имал ништо против да ја промени средината.

Менаџерот на англискиот гигант, Оле Гунар Солшер верува дека Де Лихт би бил идеален партнер во одбраната на Хер Мегвајер следната сезона.