Популарната пејачка и безбол играчот ја најавија нивната венчавка минатата година, но поради пандемијата свадбата беше одложена. Тогаш одлучија да се венчаат кога работите ќе се „смират“, но изгледа дека тоа нема да се случи.
Како што пишува порталот Пејџ Сикс, Џеј Ло неодамна призна дека таа и нејзиниот партнер посетувале терапевт за парови, а Родригез странските медиуми го поврзуваа со Медисон Лекрој, 30-годишна старлета. Гласините за неговото неверство двајцата го демантираа.
Неименуван извор изјавил дека Родригез во моментов престојува во Мајами, а дека Џенифер Лопез снима филм во Доминиканската република, па поради тоа се разделени што влијаело на тоа да ја прекинат врската.