Магазин 09. јуни 2020. / 12:27

Расизам во Премиерлигата?!: Една третина од играчите се црни, но не се застапени во стручните штабови

Расизам во Премиерлигата?!: Една третина од играчите се црни, но не се застапени во стручните штабови

Крилниот напаѓач на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, јавно го изрази ставот дека не е во ред тоа што во Англија има многу малку тренери со темна боја на кожата.

Во Премиерлигата има околу 500 играчи, една третина од нив се со темна кожа, но ние не сме застапени во стручните штабови. Нема многу луѓе со кои можете да зборувате за ова. Треба да можете да разговарате со луѓе во парламентот, со луѓе во раководството на мојот фудбалски клуб, со фудбалските клубови низ целата земја, со луѓе од репрезентацијата на Англија, да направите измени и да дадете еднакви шанси не само на црните тренери, туку и на тренерите на другите етнички групи – изјави Стерлинг.

Ваквата реакција на фудбалерот доаѓа во време на протести против расизмот во многу земји, мотивирани од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД од страна на полициски службеник.