Ракометарите на Вардар место на пат за Скопје уште се наоѓаат во Порто и тоа на аеродромот очекувајќи решение за враќање дома бидејќи информацијата која ја добиле од Луфтханза не им одеше во прилог.
Вардарци требаше да летаат преку Франкфурт, но им беше кажано дека ќе мораат во карантин во Германија што никако не им оди во прилог и затоа сега уште се во Порто и бараат начин како да се вратат дома без притоа да мораат во карантин.
Поради ваквата информација тие не се чекирале и не се на летот за Франкфурт, а каква ќе биде конекцијата сега и како ќе се вратат во Скопје засега не е познато.
Вардарци синоќа го играа натпреварот против Порто од Лигата на шампионите и загубија со 24:27. Патот до Порто им беше долг бидејќи патуваа преку Софија до Франкфурт и оттаму до Порто. Враќањето требаше да биде исто, но после добивањето на информацијата дека ќе мораат во карантин во Германија ова не одговара никому и затоа сега се бара начин ракометарите да се вратат во Скопје без притоа да мораат во карантин.
Следната седмица претстојат две нови гостувања и тоа во вторник во Париз кај ПСЖ, а в четврток кај Флензбург во Германија. Постои можност дуелот во Франција да биде одложен поради ситуацијата во Франција екипи надвор од Европската унија да мораат во карантин, па сега може да настане нов хаос во натпреварувањето што значи дека ќе биде доста возбудливо и многу неизвесно.
Сепак, прво е најважно вардарци да се вратат во Скопје, а потоа ќе следува планот за следната седмица и новите натпревари.