Покрај сите финансиски проблеми, Иван Чупиќ не размислува за заминување од таборот на Вардар. Понесен од еуфоријата по втората европска титула за „црвено-црните“, хрватското крило најави дека ќе остане во Скопје.Тој беше дел од генерацијата и од пред две години, а во 2016 година го освои пехарот и со Виве Кјелце.
Една убава приказна завршува на најдобар можен начин. Останувам во Вардар, каде би одел? Скопје е преубав град, тука се најдобрите навивачи на светот. Семејството ми е задоволно и среќно, изјави Чупиќ.