ајголемиот боем од балканските простори Раде Шербеџија, ќе одржи ексклузивен концерт во Скопје, на 25-ти февруари 2020 година. За да задоволството биде уште поголемо, концертот ќе биде во навистина незаменливиот амбиент на Македонската филхармонија.
Раде Шербеџија овој пат доаѓа со концептот „Ti bi htjela pjesmom da ti kazem“, а ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како „Ne daj se Ines“, „Meni se duso od tebe ne rastaje“, „Cekaj me“, „Imam pjesmu za tebe“ и др.
Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.