Магазин 06. мај 2020. / 20:15

ПСЖ донираше 100.000 евра за погодените од коронавирусот

ПСЖ донираше 100.000 евра за погодените од коронавирусот

Екипата на Пари Сен Жермен донираше 100.000 евра за добротворна акција за погодените од пандемијата од коронавирусот.

Францускиот шампион објави дека волонтерите на клубот помогнале во добротворна фондација при „дизајнирање, склопување и складирање на материјали и здравствена опрема за оние кои се под најголем ризик“.

Повеќе од 2.000 луѓе имаа корист од понудената помош.

Претседателот на ПСЖ, Насер ал-Хелаифи рече дека „обемната работа на добротворната организација во многу области е поважна од кога и да било“.