Магазин 05. јуни 2019. / 11:46

Првиот човек на Кјелце потврди: Вардар го сака Зорман за тренер!

Првиот човек на Кјелце потврди: Вардар го сака Зорман за тренер!

Актуелниот тренер Роберто Гарсија Парондо се договори да биде нов селектор на репрезентацијата на Египет, па Вардар започна да бара нов кормилар.

Словенечките медиуми пренесоа информација дека нов тренер на „црвено-црните“ ќе биде Урош Зорман, кој моментално е помошник на Талант Душебаев во Кјелце, но и прв асистент на Веселин Вујовиќ во словенечката репрезентација. Сега стигна потврда и директно од првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас, кој потврди дека Вардар го сака Зорман.