Магазин 05. јануари 2020. / 13:25

Прва аукција во 2020: Огромна туна продадена за 1,6 милиони евра

Прва аукција во 2020: Огромна туна продадена за 1,6 милиони евра

Огромен примерок на туна продаден е денеска за над 1,6 милиони евра на првата годишна аукција на риби во Токио.

Атлантската со сини перки туна тешка 276 килограми, проценета е на околу 5.800 евра по килограм, продадена е на пазарот во Тојосу. Купувач е компанијата Кијомура која го води ланецот на суши ресторани Занмаи.

– Се чуствувам уште посреќен заради победничката понуда бидејќи ова е прва аукција во ерата на Реива, изјави претседателот на компанијата Кијоши Кимура мислејќи на новата царска ера која започна во мај.