Магазин 11. март 2020. / 14:48

Прв случај на коронавирус во професионалниот фудбал

Прв случај на коронавирус во професионалниот фудбал

Дефанзивец на германскиот второлигаш Хановер е првиот фудбалер во Германија кој е заразен од коронавирусот, потврди денеска самиот клуб преку официјално соопштение со кое јасно стави до знаење дека се преземаат сите мерки за изолација на играчот.

Тимо Хуберс е единствениот од 96-те професионални спортисти на Хановер кој бил позитивен на направениот коронавирус тест, а во официјалното соопштение, клубот наведува дека фудбалерот најверојатно се заразил во саботата навечер во ноќен клуб во Хилдесхајм. Добра вест е што фудбалерот оттогаш немал контакт со своите соиграчи опд првиот тим, па поради тоа се верува дека никој друг нема да го добие вирусот.

Сепак, поради професионална одговорност, Хановер во наредните денови пред секој тренинг ќе продолжи со тестирањето на фудбалерите, а од друга страна, Тимот е испратен во изолација и во приватен карантин во неговиот дом.