Магазин 15. јануари 2021. / 14:52

Прв позитивен случај на Ковид 19 на Мундијалот

Прв позитивен случај на Ковид 19 на Мундијалот

Данскиот репрезентативец Емил Јакобсен е позитивен на коронавирус, објави Светската ракометна федерација (ИХФ).

Според здравствените протоколи, Јакобсен заедно со неговиот цимер во хотелската соба се изолирани и нема да бидат дел од репрезентацијата која денеска игра против Бахреин.

Јакобсен претходно беше позитивен на ковид-19, а по пристигнувањето во Египет, неговиот тест повторно е позитивен, додека неговиот цимер чие име засега не се соопштува, нема да смее да им се приклучи на останатите репрезентативци се додека не добие негативен тест.

Жалиме за позитивниот тест на Емил Јакобсен, но во секој случај ние сме подготвени за вакво сценарио и ќе ги следиме нашите и протоколите на ИХФ, изјави спортскиот директор на Данска, Мортен Хенриксен.