Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави интересен тест на својот Твитер профил и ги покани своите следбеници на таа социјална мрежа да ги тестираат своите вештини за набљудување.
Тестирајте ги своите вештини за набљудување. Можете ли да забележите десет разлики на овие фотографии? Точните одговори ќе ги објавиме утре, објавено е на Твитер профилот на ЦИА.
Многумина ги испробаа своите „шпионски вештини“ и забележаа на прв поглед забележливи разлики како цвеќињата на десниот агол на фотографијата чии бои се разликуваат, но имаше и такви кои отидоа чекор подалеку.
Иако во задачата било наведено да бидат пронајдени 10 разлики, поединците се покажале многу успешни и пронашле дури 12 разлики меѓу едната и другата фотографија.
Ако пронајдете повеќе од десет разлики, покажавте одлични вештини. Вие секогаш барате можности да научите нешто повеќе, објави ЦИА ден подоцна.
#TuesdayTrivia #DiscovertheCIA
Put your observation skills to the test. Can you spot the 10 differences in the photo below?
Check back tomorrow to see if you found them all. pic.twitter.com/pKeaAqSLwz
— CIA (@CIA) September 8, 2020