Најмалку 46 лица се повредени откако илјадници каталонски сепаратисти се судрија со полицијата во околината на стадионот Камп Ноу во Барселона, каде што синоќа се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.
Во немирите се уапсени девет лица, а полицијата ги растера демонстрантите со фрлање пена.
Протестантите, пак, фрлаа кон полицијата стаклени шишиња.
Организатор на прфотестот е групата „Цунами демократик“, на која се придружија илјадници лица кои носеа знамиња на Каталонија и транспаренти со порака „Шпанијо, седи и разговарај“.
Демонстрантите се собраа во близина на стадионот неколку часа пред почетокот на „Ел класико“, но до сериозни судири дојде за време на натпреварот.