Магазин 15. април 2019. / 21:22

Пронајден е украдениот прстен вреден милион долари од семејството на Наполеон Бонапарта

Пронајден е украдениот прстен вреден милион долари од семејството на Наполеон Бонапарта

Париската полиција успеала благодарение на среќна случајност да најде украден прстен, кој припаѓал на семејството на Наполеон Бонапарта, пренесоа светските медиуми.

Прстен од 1 милион долари бил украден во Париз на почетокот од април.

Прстенот е со 40-каратен дијамант, кој пред тоа се наоѓал врз круната на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон III.

Младиот наследник на Наполеон III – Жан-Кристоф Наполеон, го подарил прстенот на својата свршеница грофицата Олимпија фон Арко-Цинеберг.

Прстенот бил украден од автомобилот, заедно со кредитни картички, бизнис картичка и компјутер, додека грофицата престојувала во хотел со пет ѕвездички во Париз, а притоа заборавила да го заклучи автомобилот.

Ниту една од камерите на хотелот не го доловила крадецот. Една од кредитните картички сепак е откриена кога ја користел крадецот за да ја плати сметката во јапонски ресторан и во хотелот. Така тој бил фатен од камерите, што им помогнало на полицијата да го фати.

Наводно, крадецот е 30-годишен државјанин на Eгипет, кој немал никаква претстава за вредноста на прстенот.