Магазин 17. јуни 2020. / 11:55

Промоција на „Двоумење“ од Ива Дамјановски

Промоција на „Двоумење“ од Ива Дамјановски
На 18 јуни (четврток), со почеток од 19 часот во МКЦ (плато) ќе се одржи промоција на најновата стихозбирка од Ива Дамјановски насловена „Двоумење“. Мерките за претпазливост се строго почитувани. Ива Дамјановски (1996) е родена во Скопје. Дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Ива пишува со хируршка прецизност, а текстот го третира со војничка дисциплина. Секој звук и секоја тишина во нејзината поезија се пресметани, а зборовите како камчиња за мозаик се одбрани. Секое нивно значење и секоја повеќезначност се намерни. Сѐ е подредено во служба на идејата и пораката. Лирското јас осцилира како клатно: од јас до ти, од јас до ние, вие, тие… Нејзината поезија е филозофска, а, сепак, полна со емоции. Нејзината мисла е јасна, чиста и насочена. А поетското око на Ива Дамјановски има ретка супермоќ, ги гледа обете страни на паричката истовремено, вели Јулијана Величковска.