За време на викендот под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
В сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови на земјата, каде ќе бидат и пообилни. В недела врнежи ќе има насекаде, локално пообилни (над 30 литри на квадартен метар) и проследени со силен јужен ветер со брзина од над 70 километри на час, во форма на невреме.
Претпладнево, времето во земјава во котлините е со појава на магла, а преку денот променливо облачно со повремен слаб дожд претежно во западните делови.
Утринската температура се движи од нула до шест, а дневната температура од осум до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Утринската температура достигна до два степени, а дневната температура до 10 степени.