Магазин 05. април 2019. / 09:23

Променливо облачно, викендов поинтензивни врнежи

Променливо облачно, викендов поинтензивни врнежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд на запад, и ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во Маврово дневната температура ќе достигне до 8 степени, Охрид 12, Битола 14, Кавадарци 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Дојран 18.

Ваквото време ќе се задржи до вторник.