Магазин 06. јуни 2020. / 09:40

Променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер

Променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер

Од изутрина ќе има повремен дожд. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер. Преку денот ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Следува период во кој во претпладнените часови ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а претежно попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе се помали.