Магазин 21. јануари 2021. / 08:51

Променливо облачно со температури до 11 степени

Променливо облачно со температури до 11 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во западните делови од земјава ќе има услови за повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ево интервал од -7 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до -5, а максималната ќе достигне 6 степени Целзиусови.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините на северозапад од снег со променлив интензитет.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.