Магазин 06. декември 2019. / 09:02

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе биде магливо и студено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд.

Утринската температура се движи од минус еден до 11 Целзиусови степени, а дневната температура од шест  до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утринската температура достигна до минус три, а дневната температура ќе се движи до шест Целзиусови степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено време. Нови врнежи од дожд и снег на планините се очекуваат во вторник.