Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура се движи од 2 до 5 Целзиусови степени, а дневната од 7 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Утринската температура достигна до 3 Целзиусови степени, а дневната до 10 Целзиусови степени.