Магазин 26. декември 2019. / 08:58

Променливо облачно и студено

Променливо облачно и студено

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, во северните и источните делови на планините и на повисоките места со услови за слаб повремен снег. На повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура се движи од минус три до пет, а дневната од два до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува умерен  до засилен ветер од северозападен правец.

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег.

Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.