Магазин 18. август 2020. / 08:43

Променливо облачно и нестабилно време

Променливо облачно и нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе биде 7.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната дневна температура ќе достигне до 34 степени.

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи се очекува и утре. Од четврток следува период на стабилно, сончево и потопло време.