Студеното време и снегот кои ги зафатија повеќе места низ државава ќе се задржат само до петок. Веќе од викендот повторно ни се враќа пролетта.
Во недела очекувајте максимални над 20 степени во Скопје и над 23 низ Македонија.
Најтопло ќе биде во среда кога се најавуваат 25 во Скопје и до 28 во јужните делови на земјата. Целата наредна недела ќе биде исклучително топла и сончева.