Магазин 19. октомври 2019. / 09:21

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури

Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури

Сончевото и топло време продолжува и во следните денови. За денеска синоптичарите најавуваат топло време со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи, особено во јужните делови на земјава. Ќе дува слаб ветер од јужените правци.

Минималната температура, според најавите, ќе се движи во интервал од 4 и 13, а максималната ќе достигне до 28 степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од 10 степени и максимална од 28 степени.