Магазин 20. мај 2020. / 10:25

Продолжен викенд: Понеделник неработен ден за сите граѓани на Македонија

Продолжен викенд: Понеделник неработен ден за сите граѓани на Македонија

Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република С.Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството информира дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто така, 24 мај (недела) е државен празник на Република С. Македонија – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.