Магазин 09. јануари 2020. / 13:24

Продавница за секс-играчки нуди замена: Нејзини производи за непосакувани божиќни подароци

Продавница за секс-играчки нуди замена: Нејзини производи за непосакувани божиќни подароци

Компанијата за секс-играчки „Лавхани” објави понуда за замена на несакани новогодишни подароци, за нивни производи. Заменетите предмети ќе одат во добротворни цели, односно наменети за бездомниците во Лондон.

– Секс-играчки ќе се добијат само првите илјада луѓе, кои сакаат да се ослободат од несаканите божиќни подароци. Тоа може да бидат книги, облека, ди-ви-дија, но сè тоа треба да биде одлично сочувано. Замената ќе се врши крај брегот на Темза во лондонскиот кварт Саутбенк – известуваат од британската компанија.

Највисоката цена на секс-подарокот, сепак, мора да биде најмногу 60 фунти.

Организаторите на настанот истакнуваат дека така сите ќе бидат задоволни.

– Бездомниците ќе имаат корист од подарените предмети, а дарителите ќе се насладуваат на сексуални ’занимации‘ во најздодевните и студени месеци на годината – порачуваат од компанијата.