Магазин 30. јануари 2019. / 21:10

Приватните наспроти државните градинки еве што е подобро за вашите најмлади

Приватните наспроти државните градинки еве што е подобро за вашите најмлади

Доколку одлуката е неминовна, и родителите се одлучат за запишување на своето дете во градинка, следното прашање би било дали тоа би била јавна или приватна градинка, и кои причини би натежнале повеќе кон едната или другата опција?

Имено, при нашата анализа, наидовме на Адресари на приватни и јавни детски градинки7 на официјалната интернет страна на Министерство за труд и социјална политика.

Согласно поставените адресари, заклучно со 10 октомври 2017 година, регистрирани се вкупно 95 детски градинки на територијата на државата, од кои 27 градинки се приватни, или процентуално изразено 28.4%, додека останатите 68 градинки се јавни, или процентуално изразено 71.6%. Подолу во Табела 1 е прикажан бројот на приватни градинки регистриран по општина.

Графички приказ на број и учество на приватни и јавни градинки во вкупен број на градинки

Табела 1 Регистрирани приватни градинки по општини

Притоа од горенаведените податоци, кои се сумирани во Табела 1, може да се увиди дека од вкупно 27 приватни градинки, дури 19 градинки се наоѓаат во Скопје, што претставува 70.4% од вкупно евидентираните приватни градинки. Само 8 приватни градинки се регистрирани во други градови надвор од Скопје.

Графички приказ на отворени приватни градинки по општина и процентуално учество

Податоците се запрепастувачки, и сепак останува прашањето што е со другите градови во државата? Зошто нема приватни градинки и по другите градови? Зарем до тој степен сме дојдени да жителите на овие 5 града се привилегирани во однос на останатите?

Уште повеќе запрепастувачки се податоците што ни излегоа сурфајќи на интернет, согласно кои со самото пребарување на податоци во врска со отворање на нови приватни градинки, постојат податоци стари од 2016 година а се поврзани со активности на претходната Влада. Станува збор за Грантови од 10 илјади евра кои ги доделувала Владата за отворање на нови приватни градинки8. Согласно натписот покрај поддршката за отворање детски градинки, заложба на претходната Влада било и да се отворат нови државни градинки, согласно проект за изградба на нови 140 детски градинки со што би се влијаело на намалување на долгорочниот проблем за намалување или сведување на нула на листите за чекање. И додека еден од приоритетите на претходната Влада бил зголемувањето на бројот на детски градинки, како и зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, не можевме да пронајдеме никаков сличен податок за залагање на истиот начин од страна на сегашната Влада во последните 2 години, односно од започнување на нивниот мандат.

Целото истражување спроведено од  здружение на граѓани за општа социјална еднаковст-ОСЕ можете да го прочитате тука