Принцот Хари и неговата сопруга Меган, во понеделникот со последна објава на Инстаграм профилот на Кралското семејство се збогуваа од своите 11,3 милиони пријатели и им се заблагодарија на поддршката пред официјалното откажување од нивните кралски должности.
-Додека сите ја бараме својата улога која мораме да ја одиграме во новонастанатата глобална состојба низ промени во своите нацики, да се фокусираме на новото поглавје за да дознаеме на кој начин во сето тоа можеме најдобро да придонесеме, напишаа Хари и Меган на официјалниот профил на Кралското семејство. И иако повеќе нема да не најдете на Инстаграм ние продолжуваме со нашата работа.
Хари (35) и Меган (38) во јануари објавија дека планираат да се повлечат од кралските должности од февруари и имаат намера да водат понезависен, приватен начин на живот на релацијата Велика Британија – Северна Америка.