Магазин 09. мај 2020. / 10:45

Принцот Хари и Меган Маркл се вселија во својот нов постојан дом

Принцот Хари и Меган Маркл се вселија во својот нов постојан дом

Иако веќе повеќе од еден месец престојуваат во Лос Анџелес, принцот Хари и Меган Маркл дури сега го имаат својот нов постојан дом. Станува збор за куќата којашто досега му припаѓала на глумецот Тајлер Пери.

Тој го исконтактирал кралскиот пар преку нивната заедничка пријателка, Опра Винфри.

Како што објави „Варајети“, зданието во тоскански стил, со над 2.300 квадратни метри, се наоѓа на ридот над населбата Беверли Хилс. Има осум спални соби, 12 бањи, огромен двор и базен во него. Двојката ќе има силно обезбедување, што ќе го сочинуваат човечки тим и врвен безбедносен систем.

Во соседството има богати, но не и познати личности.