Магазин 20. мај 2020. / 15:04

Принцот Хари доживеал нервен слом: Итно е пренесен во психијатриска клиника

Принцот Хари доживеал нервен слом: Итно е пренесен во психијатриска клиника

Според странските медиуми, принцот Хари доживеал нервен слом и бил пренесен во психијатриска клиника.

Според списанието „Globe“, состојбата на принцот Хари се влошила со текот на годините, особено откако тој поминал 10 години служба во армијата, а „капката што ја преплави чашата“ беше разделбата од кралското семејство и многу тешкиот потег што тој го направи за да ја заштити својата сопруга Меган од британската јавност и медиумите кои не беа во нејзина корист.

Тој самиот во еден момент призна дека не сака она што се случи со неговата мајка да и се случи и на неговата сопруга.

“Самиот Хари призна дека не може да верува колку неговиот живот се смени и се сврте наопаку. Меган го принуди да ги отфрли семејството и пријателите, за таа да може да го следи нејзиниот сон да стане холивудска актерка – но тоа се претвори во неговиот најлош кошмар “, вели изворот на „Globe“.

Тој додаде дека Хари се чувствува изгубен и осамен затоа што нема пријатели во Лос Анџелес.

Според него единствените луѓе што ги гледа парот се sвездите со кои Меган се спријателува за да ја продолжи кариерата и да стане суперѕвезда.

“Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во Соединетите држави кога ќе завршат карантинските мерки, што го одведоа до точка на пукање. Тој заврши на блиската клиника за ментални болести. Слушнав дека тој има посттрауматско стресно пореметување, што го предизвика смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство го влошија“, вели изворот за споменатото списание.