Магазин 14. May 2019. / 17:14

Принцот Едвард утре доаѓа во Македонија

Принцот Едвард утре доаѓа во Македонија

Принцот Едвард, грофот од Сасекс утре ќе дојде во дводневна посета на Македонија, потврдија за 24 Инфо од неофицијални извори.

Посетата беше најавена претходно од Британската Амбасада, но немаше официјална потврда од влдините институции.

Тој за време на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работи кои ги поврзуваат двете земји во различни обасти.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската амбасада.