Магазин 13. декември 2019. / 13:29

Примерок од легендарната нацистичка „Енигма“ на аукција за 100.000 долари

Примерок од легендарната нацистичка „Енигма“ на аукција за 100.000 долари

Една од легендарните нацистички машини за шифрирање, користени во времето на Адолф Хитлер, кога Германија се обиде да завладее со светот, викендов ќе се продава на аукција и се очекува вредноста да достигне 100.000 долари. Ретката машина на аукцијата е претставена како дел од поголема колекција од војни и поврзани со нив артефакти, продавани од американската аукцијска куќа „Херитиџ“. Се претпоставува дека во светот постојат околу 250 вакви примероци.

Необично е за моделот за продажба е што тој ги сите делови, а металните ротирачки кодирачки тркала (ротори, што се срцето на машината) се изгравирани со амблемот на Третиот рајх. Кодирачките апарати „Енигма“ беа основа на неговите тајни комуникации.

Декодирањето на божем „непробојниот“ код на „Енигма“ се смета за едно од клучните достигнувања во победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Изработената во 20-тите и 30-тите години на минатиот век во Германија кодирачка машина се смета за инженерско и криптографско ремек дело. Според достапни документи, бројот на теоретски можните конфигурации на „Енигма“ бил приближно околу 10 на 114 степен. Меѓутоа, Германците не ги користеле максималните можности, така што сојузничките пробивачи на шифри требало да се справат со помалку кодифицирани конфигурации- 10 на 23-ти степен.

„Енигма“ кон крајот на војната се сметала за толку чувствителна и опасна, што повеќето од останатите комплетни апарати биле уништени по наредба на Винстон Черчил. Исклучителната улога на тимот пробивачи на шифри, раководен од математичарот на универзитетот Кембриџ, Ален Тјуринг, со децении се сметаше и чуваше како тајна. Улогата на Тјуринг остана непозната се до 1950 година кога тој беше осуден за хомосексуалност, што во тоа време беше незаконска во Велика Британија, а малку подоцна генијалниот научник се отру. Неколку децении подоцна за пробивањето на „Енигма“ беше снимен и филм.