Магазин 04. март 2019. / 17:08

Позната причината за смртта на Кит Флинт од „Продиџи“

Позната причината за смртта на Кит Флинт од „Продиџи“

Светските медиуми утрово ја објавија веста дека Кит Флинт, легендарниот фронтмен на бендот „Продиџи“ бил најден мртов во неговиот дом.

Флинт почина на 49 години, а причината за смртта е самоубиство, потврдија членовите на „Продиџи“ во објава на официјалниот профил на бендот на Instagram.

„Веста е точна, не ми се верува дека го кажувам ова, ама нашиот брат Кит се самоуби викендов. Шокиран сум, гневен, збунет и срцето ми е скршено… почивај во мир, брате. Лиам“, напиша Лиам Хаулет, основач на бендот.