Tеатарската претстава „Чудесна терапија“ во продукција на Драмскиот театар од Скопје денеска e на програмата на Охридско лето. Претставата ќе се одигра во предворјето на црквата Света Софија во 21 часот.
Театарската поставка „Чудесна терапија“ на режисерот Димче Николовски говори за интимна врска меѓу двајца чија големина се мери преку одговорот на прашањето: Дали успева да постои и надвор од љубовта? „Претставата се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за среќна врска“, вели Фестивалот. Играат: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски. „Чудесна терапија“ не се препорачува за деца помлади од 12 години.