Магазин 19. април 2020. / 23:09

Претседателот на Нант: Зошто ги принудуваме работниците да одат на работа, а фудбалерите не?

Претседателот на Нант: Зошто ги принудуваме работниците да одат на работа, а фудбалерите не?

Претседателот на францускиот фудбалски клуб Нант, Валдемар Кита, смета дека да се игра фудбалската сезона.

Според него, фудбалерите се побезбедни од другите луѓе кои мораат да одат на работа и покрај пандемијата на корона вирус.

Верувам дека е време да се продолжи со нормален живот. Некои луѓе одат на работа, станувајќи во пет часот наутро, користејќи го метрото за да ги добијат своите 1.200 евра. Освен тоа, тие имаат минимални безбедносни услови. Зошто фудбалерите кои се опкружени со сите неопходни мерки на претпазливост не можат да се вратат на работа? Бидејќи се привилегирани и живеат во нивните „балони“? Ова е нелогично. Зошто правиме работник да оди на работа, а фудбалер не? – прашува Кита.

Во Франција, како и во повеќето земји во светот, фудбалската сезоната во моментов е стопирана поради пандемијата на корона вирус.