Магазин 27. јули 2019. / 09:02

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд

Претпладне сончево и топло, попладне со пороен дожд

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 21, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, претпладне сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени. Во наредниот период ќе се задржи топло време, претпладне сончево, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.