Претпладне денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
Попладне ќе променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне.
Утринската температура ќе се движи од ѓест до 17 степени, а дневната од девет до 22 степени.
До четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.