Метеоролозите најавуваат пресврт во временската прогноза за деновиве кои следуваат.
Најавите се дека во некои места утринските температури ќе паднат и до нула.
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Утре и во петок ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури што на места ќе се спуштат и до нула степени.
Утре утринската температура ќе се движи од осум до 15, во петок од седум до 15, во сабота од нула до девет, во недела од нула до 10 степени, понеделник од два до 11 и во вторник од четири до 13 степени.
Дневните температури ќе се движат утре од 18 до 28 степени, во петок од 18 до 25, сабота од 19 до 26, недела од 20 до 27, понеделник од 22 до 30 степени во вторник од 22 до 29 степени.