Магазин 27. март 2020. / 09:02

Престана да врне, но ќе остане облачно, на планините снег

Престана да врне, но ќе остане облачно, на планините снег

Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, a на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Како што информираат од УХМР, утринската температура се движи од минус два до шест степени, а дневната температура ќе биде во интервал од два до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.  Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура достигна до три степени, а дневната температура ќе се искаќи до осум степени Целзиусови.

Утре ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Во недела и понеделник ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.