За време на пандемијат од корона вирусот препорачливо е да се носат очила наместо контактни леќи, смета американски експерт, кој е цитиран од весникот „Дејли стар“.
Една од основните препораки за време на пандемијата од корона вирусот е луѓето да избегнуваат да ги допираат лицата, што значи и очите, зашто тоа може да придонесе за ширење на вирусот. Поради тоа, поразумно е е контактните леќи да се вадат и да не се користат.
-Очилата не ги дразнат толку очите, колку контактните леќи. Кога ги носат, луѓето помалку ја допираат зоната околу очите. Ако сепак посегнат, во тоа ги спречуваат самите очила, вели д-р Сонал Тулси од Американската академија по офталмологија.
Наспроти тоа што оваа едноставна препорака може да го намали ризикот од зараза со вирусот, таа сепак не гарантира целосна заштита. Со оглед на тоа, експертите сепак надополнуваат дека е приоритетно да се почитуваат советите за одржување растојание меѓу луѓето.