Магазин 03. август 2020. / 15:38

Премиерлигата воведува строги Ковид правила: Црвен картон за кашлање кон противникот

Премиерлигата воведува строги Ковид правила: Црвен картон за кашлање кон противникот

Стравот од корона вирусот има големо влијание и во фудбалот поради што Англичаните донесоа нови правила за однесувањето на фудбалерите на терен.

Според новите правила на Фудбалскиот сојуз на Англија, судијата ќе покаже директен црвен картон за играчот којшто намерно ќе се искашла кон противнички играч или судија.

Таквото однесување ќе се смета за сериозен прекршок и врз основа на тоа судијата ќе може да исфрли играч од терен. Ова правило ќе се смета во групата правила кои предвидуваат казна и за „навредливи зборови и гестикулација“.

Но, тука не е крајот на неволјите на играчот кој ќе се искашла во лицето на друг играч, туку тоа има последици и според криминалните прекршоци во Велика Британија, па и полицијата и судството може да се вмешаат.

Според новите правила, не е дозволено ни групно славење на погодиците, ниту, пак, плукање на терен.

Правилата се однесуваат на сите нивоа на фудбал во Англија.