Британските власти објавија план за постепено опуштање на мерките против корона вирусот на 50 страни, а вториот чекор е дозволување на културните и спортски збиднувања кои се организираат зад затворени врати.
Овие случувања можно е да бидат дозволени дури од 1 јуни, како би се избегнале ризиците од големи социјални контакти.
Во центарот на вниманието, пред се, е продолжувањето на Премиер лигата, чии челници се одлучни сезоната да се приведе кон крајот, а разгледуваат неколку варијанти, помеѓу кои и натпревари на неутрални терени.
Додека се чека конечната одлука за продолжување на Премиер лигата, веќе е потврдено дека германската Бундес лига продолжува од престојниот викенд 16 мај, а се шпекулира дека и шпанската Ла Лига би можела да почне од 12 јуни.