Времето денеска претпладне e сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Минималната температура е во интервал од 10 до 17, а максималната ќе биде од 22 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.