Магазин 09. декември 2020. / 09:28

Прекинатиот натпревар ПСЖ – Башакшехир заради расизам, ќе се доигра денеска

Прекинатиот натпревар ПСЖ – Башакшехир заради расизам, ќе се доигра денеска

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшехир кој вчера почна во Париз, и кој беше прекинат во 13. минута, ќе продолжи денеска од 18:55 часот.

Дуелот беше прекинат поради расистички навреди кон помошникот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо од страна на чевртиот судија, Колтеску од Романија.

УЕФА се реши да ги испрати судиите дома, и на нивно место да делегира нови. Така вечерва во Париз на новиот натпревар, правдата ќе ја делат „мешана“ судиска четворка.

Главен судија ќе биде Дани Макиели од Холандија, а прв помошник неговиот сонародник Марио Дикс. Втор помошник Марсин Бониек од Полска, додека четвртиот судија ќе биде исто така од Полска, и тоа Бартош Франковски.

Инаку за четвртиот судија Колтеску, ова требало да биде последен меч во интернационалната кариера.