Како секоја година, и годинава Празникот на музиката ќе се одржи на 21 јуни, недела, но во поинакви услови.
Организатори се Францускиот институт во Скопје и Француските алијанси во Тетово и во Битола со поддршка на фестивалот Скопско лето.
Музичката средба ќе може да се проследи од дома, а во нејзини рамки ќе може да се слушнат фракофонски песни во изведба на Фолтин, концерт на Тома Дитрон и композицијата „Кога го бркаме волкот“ на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар ФАМЕ’С.
Оналајн настанот може да се следи на овој линк. во 19 часот