Актуелниот европски шампион Вардар и дебитантот во Лигата на шампионите Еурофарм Работник ги дознаа противниците за новата сезона во континенталното натпреварување.
Вардар ќе игра во групата А каде што ќе има уште двајца учесници од последниот фајнл фор турнир, Веспрем и Кјелце. Црвено-црните добија силен тим од последниот шешир, екипата на Келн, останатите противници се Мешков Брест, Мотор Запорожје, Монпелје и Порто.
Еурофарм Работник е во групата Ц во која главен носител е Савекоф, а останатите противници се Татран Прешов, Кокс, Бидасоа Ирун и Спортинг Лисабон.