Магазин 08. јануари 2021. / 17:58

Позната листата на најмоќните пасоши: Македонскиот рангиран послабо од претходната година

Позната листата на најмоќните пасоши: Македонскиот рангиран послабо од претходната година

„Henley Passport Index“, како и секоја година го објави најновиот извештај и рангирање на пасошите на државите за 2021 година.

Во извештајот се опфатени 110 земји, а познато е и на кое место е нашиот пасош. Земјите ширум светот, поради актуелната пандемија, влегуваат во нови блокади со цел спречување на ширење на коронавирусот, а кога ќе се укинат ваквите ограничувања, веројатно е дека вакцинирањето пред патувањето ќе биде неопходно, пишува „CNN“.

Жителите на азиските земји сè уште имаат најмоќни патни исправи
Индексот не ги зема предвид привремените ограничувања, па Јапонија е повторно на врвот на листата, нудејќи безвизен пристап до 191 земја ширум светот.

Сингапур е на второто место (со оцена 190), а Јужна Кореја и Германија го делат третото место (со оцена 189 односно пристап до 189 земји).

Нешто понатаму е Нов Зеланд, на 7-та позиција со безвизен пристап до 185 дестинации, додека Австралија е на 8-то место со 184 дестинации.

На 7-то место се и САД и Велика Британија каде нагло расте бројот на заразени со коронавирус. Со тоа, како што се наведува, сопствениците на америкаските пасоши моментално можат да патуваат на помалку од 75 дестинации додека сопствениците на пасош на Велика Британија имаат пристап до помалку од 70 дестинации.

Од земјите од поранешна Југославија, најдобро рангирана е Словенија која се наоѓа на 12-та позиција. Хрватска го зазема 18-то место кое го дели со Бугарија, Србија е на 38-та позиција заедно со Хондурас и Ел Салвадор, додека Македонија и Црна Гора ја заземаат 45-та позиција. Босна и Херцеговина се наоѓа на 49-то место.

Македонија се наоѓа на 45-то место на листата со можност за патување без виза во 124 држави. Минатата година, нашата земја беше рангирана на 44-то место, а на највисока позиција се наоѓаше во 2014, кога се најде на 36-то место на листата.

Најмоќни пасоши во 2021 година се:

1. Јапонија (191 дестинација)

2. Сингапур (190)

3. Јужна Кореја, Германија (189)

4. Италија, Финска, Шпанија, Луксембург (188)

5. Данска, Австрија (187)

6. Шведска, Франција, Португалија, Холандија, Ирска (186)

7. Швајцарија, САД, Велика Британија, Норвешка, Белгија, Нов Зеланд (185)

8. Грција, Малта, Чешка, Австралија (184)

9. Канада (183)

10. Унгарија (181)

Најмалку моќни пасоши за 2021 година се:

1. Авганистан (26 дестинации)

2. Ирак (28)

3. Сирија (29)

4. Пакистан (32)

5. Сомалија, Јемен (33)

6. Палестина (37)

7. Либија, Непал (38)

8. Северна Кореја (39)

9. Судан, Косово, Либан (40)

10. Бангладеш, Иран (41)